Со марш од зградата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) до Собранието, Сојузот на стопански комори и Владата, работниците денеска протестираа барајќи поголемиплати и зголемување на минималната плата на 600 евра. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот пред Собранието кажа дека ќе бараат да се намалат платите на избраните функционери.
„Ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овластен предлагач на закони и ќе бараме за 80 отсто да се намалат функционерските плати, а да се зголеми минамалната плата. Нема да дозволиме да си играте со работничката мака и пот, од чии даноци земате плата. Ако не ги зголемите работничките плати, ако не ја зголемите минималната плата доаѓаме по вашите плати. Од даноците на работонците вие си го имате обезбедено вашиот луксус. Не го заслужувате луксузот кој ви даден од работниците. Нема да ве молиме ќе се бориме“, рече Трендафилов.
Пред Владата говореше Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), кој рече дека на протестот не е организирам од политички цели туку од маката на работниците.
„Нас овде денес не нè собра политиката туку маката, неправдата, сиромаштијата, не собраа платите што не стигаат до 10-ти во месецот, високите цени во маркетите, празните фрижидери. Не нè собра политиката туку желбата да останеме во оваа државва. Дојдовме да ви кажеме дека тоа се наши пари“, рече Деаноски.
А. АНТЕВСКА



