ПОТРЕБНА Е ВЛАДА ДА ГИ СПРОВЕДЕ РЕФОРМИТЕ ОД ПРЖИНО, ВЕЛИ ЖБОГАР

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Валандово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОТРЕБНА Е ВЛАДА ДА ГИ СПРОВЕДЕ РЕФОРМИТЕ ОД ПРЖИНО, ВЕЛИ ЖБОГАР

    ЕУ и потанаму е загрижена за состојбите во Македонија и затоа е потребна влада која ќе се фокусира на имплементација на итните реформски приоритети, за кои се заложија лидерите на политичките партии со договорот од Пржино, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на прашањето дали е потребен нов пржински договор, како што побара Али Ахмети за надминување на политичката криза во Македонија.

    „Постојат сѐ уште делови од пржинскиот договор за кои политичките лидери се договорија за имплементација, а една од нив се итните реформски приоритети кои треба да се имплементираат веднаш по изборите. Многу време е потрошено досега и крајно време е да се придвижиме напред. Затоа, потребна е влада која ќе се ангажира на имплементција на реформските приоритети“, рече  Жбогар од Вландово на промовирањето на проектот „ЕУ за тебе“.

    Тој немаше потврда дали ЕУ комесарот Јоханес Хан ќе дојде во Македонија следната недела, но подвлече дека ЕУ има огромен интерес за случувањата во земјава и е загрижена за политичката криза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира