НАПАДИТЕ НА ИРАН ГО ПОТРЕСОА ДУБАИ, ПОЗНАТ РАЈ НА МИРОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

    НАПАДИТЕ НА ИРАН ГО ПОТРЕСОА ДУБАИ, ПОЗНАТ РАЈ НА МИРОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОКЈахта плови покрај облак од чад што се издига од пристаништето Џебел Али по наводниот ирански напад врз Дубаи на 1 март 2026. (Фото: АФП)

    Повеќе експлозии се слушнаа низ земјите од Персискиот Залив, а најмалку три лица загинаа во Обединетите Арапски Емирати (ОАР), додека Иран извршува напади како одмазда за нападите на САД и Израел во кои вчера беа убиени нивниот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, и други високи функционери. Експлозиите се слушнаа втор ден по ред денеска во Дубаи, ОАЕ; главниот град на Бахреин, Манама; и главниот град на Катар, Доха, зголемувајќи ги стравувањата од поширок конфликт во регионот кој долго време се сметаше за рај на мирот и безбедноста во инаку турбулентниот Блиски Исток.

    По нападот врз Иран, иранските одмазднички напади се насочени кон аеродроми, воени инсталации, пристаништа и хотели низ целиот Персиски Залив. Тие значат невидена ескалација за Дубаи, чиј модерен идентитет е изграден врз изолација од конфликтите во регионот. Меѓународниот аеродром во Дубаи претрпе штета, а еден док во градското пристаниште Џебел Али се запали откако парчиња од пресретната ракета паднаа и предизвикаа пожар.

    Нападите, исто така, ги погодија станбените области околу Дубаи Марина и Палм Џумеира, при што хотелот „Фермонт палм“ беше запален, а оштетена е „Бурџ ал Араб“. „Фермонт“ неодамна беше продаден за 325 милиони долари во договор што се смета за показател за зголемената побарувачка за хотели во Заливот, со што штетата е еден од поочигледните симболи на последиците врз туристичката економија во регионот.

    А нарушувањето се случува за време на Рамазан, кога корпоративните ифтари и сухури – заедничките оброци што го прекинуваат и го започнуваат дневниот пост – се меѓу најважните настани за вмрежување во регионот.

    Од скромни почетоци како мало рибарско село, емиратот Дубаи користеше скромни приходи од нафта за изградба на пристаништа, аеродроми и трговски центри пред во 1990-тите да се насочи кон луксузен туризам, недвижности и финансиски услуги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира