Апелациониот суд побара екстрадиција и спроведување во затворот во Шутка на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО, во пресудата објавена денеска.
Апелација, во одлуката по жалбата на одбраната на Кочан против решението на Кривичниот суд да му одреди 30-дневен притвор, им наложува на овластените службени лица од МВР, единицата за извиди и потраги, веднаш да го лишат од слобода осомничениот, да го спроведат на издржување мерка притвор во затворот „Скопје“, а за истото веднаш да биде известен Кривичниот суд.
Апелација потврди дека Кочан се наоѓа во бегство и дека со возило ја напуштил земјава на 9 март, денот кога му беше одреден притвор од Кривичниот суд, со што се укажува на можноста дека тој веднаш по дознавањето на одлуката, ја напуштил Македонија.