За 14,27 отсто од полноќ ќе поскапат нафтените деривати со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Со новата одлука дизелот ќе поскапи за 14,5 денари и ќе изнесува 85,50 денари за литар, цената на бензините ќе се зголеми за 5 денари и Еуросупер БС 95 ќе чини 79,50 денари за литар, а литар Еуросупер БС 98 ќе чини 81,50 денари. Маслото за горење Екстра лесно 1 ќе чини 82,50 денари за литар и бележи зголемување од 12,50 денари, а мазутот 42,5 денари за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 13,384%, кај дизелот за 36,134%, кај екстра лесното масло за 32,102% и кај мазутот зголемувањето е за 27,870%.
Зголемувањето на цените на нафтените деривати доаѓа поради војната во Иран и нестабилноста на Блискиот Исток.



