ЕВАКУИРАНИ СИТЕ 605 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК, ВЕЛИ МНР

    ЕВАКУИРАНИ СИТЕ 605 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК, ВЕЛИ МНРВкупниот број евакуирани македонски државјани е 605.(Фото: МНР)

    Завршена е евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои побарале да се вратат дома, соопшти МНР.

    „Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата“, велат од МНР.

    Со реализацијата на овие летови, вкупниот број евакуирани македонски државјани е 605.

    Министерството нагласи дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.

    Дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира