Основното обвинителство поднесе обвинение против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за примање поткуп од 50.000 евра.
„Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Имајќи ги предвид неизменетите околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката, надлежниот јавен обвинител со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Стафа беше уапсен лани во декември.



