ОД ПОЛНОЌ ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА 3,5 ДЕНАРИ, ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ ОСТАНУВА ИСТА

    ОД ПОЛНОЌ ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА 3,5 ДЕНАРИ, ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ ОСТАНУВА ИСТАНовите цени се со намален ДДВ од 18 на 10 отсто. (Фото: СДк.МК)

    Од полноќ цената на дизелот поскапува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто. Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност .

    Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 86,50 денари односно 88.50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 95,50 денари, дека на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 92 денари за литар. Цена на Мазутот се зголемува за 0,157 денари за килоград и сега ќе изнесува 47,610 денари.

    Доколку останеше на сила ДДВ од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари,  а дизелот за 10,50 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира