Шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ се повлече од претстојниот турнир „Мајами Опен“ поради долготрајната повреда на десниот лакт.
Во соопштението што го објави вчера попладне Ѓоковиќ изјави дека повредата му пречела со месеци и состојбата му се влошила во текот на изминатата недела. Тој го совлада Кеи Нишикори во минатогодишното финале.
И тенисерот број 1 Енди Мареј се повлече од „Мајами Опен“ завчера поради повреда на десниот лакт. Осумкратната шампионка Серена Вилијамс ќе го прескокне турнирот поради повреда на левото колено.
Меѓу оние кои се очекува да се натпреваруваат се Роже Федерер, Рафаел Надал, Анжелик Кербер и Венус Вилијамс. Турнирот започнува во вторник.