ИРАН И ЕГИПЕТ ЌЕ ИГРААТ „НАТПРЕВАР НА ГОРДОСТА“ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, ВЕЛАТ ДЕКА ГИ ИНТЕРЕСИРА САМО ФУДБАЛОТ

    ИРАН И ЕГИПЕТ ЌЕ ИГРААТ „НАТПРЕВАР НА ГОРДОСТА“ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, ВЕЛАТ ДЕКА ГИ ИНТЕРЕСИРА САМО ФУДБАЛОТФИФА вели дека знамињата во боите на виножитото ќе бидат дозволени на стадионот во Сиетл (Фото: Гети)

    Селекторот на Иран, Амир Галеноеи, кажа дека нема да се осврнува на работи што не постојат, додека неговиот тим се подготвува да игра против Египет во Сиетл во рамките на Светското првенство. Локалните организатори го означија мечот како Натпревар на гордоста бидејќи се игра пред Викендот на гордоста, кој ги слави различноста и ЛГБТК+ заедницата.

    Дрег настапи и забави за Парадата на гордоста се планирани низ целиот град, додека знамиња во боите на виножитото ќе се веат во стадионот. И покрај поплаките од Иран и Египет, земји каде што хомосексуалноста е нелегална, настанот, сепак, ќе се одржи.

    Двата тима велат дека се целосно фокусирани на фудбалот, при што двајцата селектори избегнуваа прашања за Парадата на гордоста на нивните прес-конференции пред натпреварот.

    „Тука сме да играме фудбал, а не за други работи. Што се однесува до работите што се забранети во нашата религија и не постојат, не сакаме да зборуваме за нив. Зборуваме само за натпреварот, фудбалот и за убавината на играта“, рече Галеноеи.

    Шефицата на организацискиот комитет на СП за Сиетл, Хеда Меклендон, изјави дека не е важно кој игра зашто ќе ги слават фудбалот и геј парадата,

    ФИФА вели дека знамињата во боите на виножитото ќе бидат дозволени на стадионот, но додаде дека ова не е „Натпревар на гордоста на ФИФА“, туку само уште еден натпревар од Светското првенство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира