ФИФА МУ ЗАБРАНИ НА МЕСИ ДА ИГРА НА СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ

    ФИФА МУ ЗАБРАНИ НА МЕСИ ДА ИГРА НА СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИАргентинската фудбалска ѕвезда е суспендирана за вербално злоставувaње на помошник судија за време на квалификацискиот меч со Чиле минатиот четврток. (Фото: АП)

    Лионел Меси нема да може да настапи на следните четири квалификациски натпревари на Аргентина за Светското првенство во Русија, почнувајќи со денешниот меч против Боливија. ФИФА соопшти дека фудбалската ѕвезда е суспендирана за вербално злоставувaње на помошник судија за време на квалификацискиот меч со Чиле минатиот четврток.

    ФИФА интервенираше иако иницидентот не беше првично пријавен од бразилскиот судија по победата на Аргентина од 1:0 на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес. Телевизиските снимки покажаа како Меси реагира бесно во финишот од натпреварот, кога помошник судијата му досуди фаул. Тој мавташе со рацете и безобразно го навредуваше бразилскиот судија. По натпреварот, Меси одби да се ракува со помошникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира