ЈАНЕВА ГО ПОВЛЕЧЕ БАРАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ НА КОЧАН

    ЈАНЕВА ГО ПОВЛЕЧЕ БАРАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ НА КОЧАНЈанева вели дека само таа е надлежна да постапува по предметите поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори, како што е и случајот „Труст“. - Катица Јанева и Марко Зврлевски на седницата на собраниската Комисија за политички систем (Фото: СДК.МК)

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го повлече Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски до Врховниот суд за притворот на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО, соопшти пред малку СЈО. Како што вели Јанева во соопштението, таа е исклучиво надлежна да постапува по предметите поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори, како што е и случајот „Труст“.

    „Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, вели Јанева.

    Јавното обвинителство на Зврлевски завчера поднело БЗЗ до Врховниот суд со кое бара укинување на решенијата на Кривичниот и Апелациониот суд за одредување притвор на Кочан, кој е во бегство од 9 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира