БИ БИЛ НАЈСРЕЌЕН АКО САД ГИ ЗАТЕГНЕ ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    БИ БИЛ НАЈСРЕЌЕН АКО САД ГИ ЗАТЕГНЕ ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски при посетата на Управата за хидрометеоролошки работи рече дека политиката на оваа Влада е да ги врати иселениците.(Фото:Влада на РСМ)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека би бил најсреќен ако Соединетите Американски Држави ги затегнат условите за издавање иселенички визи за македонските граѓани. Тој ова го каже денеска одговарајќи на новинарско прашање дали Владата прави нешто за олеснување на иселеничките визи.

    „Ако може да ги затегнат условите на Американците за иселенички визи за македонските граѓани, јас би бил најсреќен, затоа што политиката на оваа Влада е да ги врати иселениците. Ако збориме за туристички визи тоа е друго, но ако може да ги затегнеме иселеничките визи јас би бил најсреќен“,рече Мицкоски по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Федерален судија во Соединетите Американски Држави ја поништи забраната на администрацијата на Доналд Трамп за издавање имигрантски визи за граѓани од 75 земји, меѓу кои се наоѓа и Македонија, оценувајќи дека ваквата мерка го прекршува федералниот закон за имиграција со тоа што врши дискриминација врз основа на националност.

    Стејт департментот во јануари годинава го прекина издавањето имигрантски визи за државјаните на 75 земјимеѓу кои и Македонија, со образложение на администрацијата дека постои веројатност дојденците од тие држави да користат јавна помош во САД, односно со цел да се спречи одлевањето финансиски средства од американскиот народ.

    Мицкоски во интервју за американскиот десничарски медиум „Брајтбарт Њуз“ изјави дека македонските граѓани многу одлучно ја поддржуваат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а неговиот кредибилитет во земјата е на исклучително високо ниво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира