ОД НОВОТО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ ВЕЉАНОСКИ ДА СЕ ИЗБЛАМИРА ДО КРАЈ

    ОД НОВОТО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ ВЕЉАНОСКИ ДА СЕ ИЗБЛАМИРА ДО КРАЈСедницата е закочена уште од 30 декември минатата година, кога наместо најстариот пратеник да стане претседавач, стариот спикер Трајко Вељаноски го зафати претседавачкото место - од свеченото конституирање на Собранието на 30 декември минатата година (Фото: Ѓ. Личоски)

    Пратениците на коалицијата предводена од СДСМ се откажаа од репликите и контрарепликите и го обвинија  претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски дека е главен виновник што  Собранието од 30 декември лани до сега нема избрано претседател.

    Од новото парламентарно мнозинство што го сочинуваат коалицијата на СДСМ и партиите на Албанците во Македонија за САКАМДАКАЖАМ  открија дека во понатамошните продолженија  на седниците тие ќе го имаат на тапет  однесувањето и водењето на седницата на Вељаноски. Велат дека ќе го остават да се компромитира со злоупотребите на Деловникот колку што е можно повеќе и да се избламира до крај.

    Што ќе постигнат со тоа не се сигурни ни самите. Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети вчера доцна попладне се сретнаа во Собранието, но никој не кажува детали дали нешто се договориле и на кој начин мислат да се спротивстават на опструкциите од претседавачот.

    Во текот на денот Вељаноски му се обрати на пратеникот Горан Мисовски: „Ќе почекаш за да седнеш на ова место. Многу се чека за овде. Сакаше еден да седне тука, ама…“ Овој испад на поранешниот спикер дојде откако Мисовски реагираше на тоа дека Илија Димовски на Вељаноски му се обрати со „Претседателе“.

    Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски го посочи Вељаноски како главен виновник што Собранието нема избрано претседател.

    “Клучот на разрешница во Парламентот е Трајко Вељаноски и тој ја носи целата одговорност за тоа што се случува. Ако работеше строго деловнички, на над 99 отсто од пратениците зборот ќе им беше одземен, ќе изберевме претседател на Собранието и ќе дебатиравме за новата влада“, рече пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира