Oбвинетиот возач Орце Димитриевски за сообраќајката кај тунелот Катланово пред 2 години, во која загинаа тројца работници и тројца беа тешко повредени, е прогласен виновен во Основниот суд Велес и осуден на 12 години затвор. Покрај затворската казна, петчлениот Кривечен совет со судиите Ангел Трипчев и Емина Калач на Димитриевски му изрече и една година забрана за управување со возило по правосилноста на пресудата, во кое не се засметуват годините минати во затвор.
Димитриевски беше осуден за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 ст.2 в.в со член 297 ст.1 од Кривичниот законик и дека делото го сторил со умисла. Димитриевски возел „форд транзит“ со скопски регистарски таблички со кое ги превезувал работниците од работа до дома во Велес. Сообраќајката се случи на 16 октомври 2024 во 17,35ч., на автопатот Скопје-Велес, кај тунелот кај Катланово.
Според пресудата, возејќи Димитриевски не се придржувал на сообраќајните прописи и го загрозил јавниот сообраќај, при што направил пропусти, возел со брзина од околу 104 км/4ч иако определената брзина била 70 км/ч. Исто така, возел под дејство на психотропни супстанци при што изгубил контрола на возилото. Со анализа на крвта и на урината е утврдено присуство на овие средства во организмот на обвинетиот.
Димитриевски не призна вина, не се чувстуваше за виновен за тоа како е опишано дејствието во обвинителниот акт. Во завршниот збор изрази жалење со надополнување дека и самиот доживеал тешка повреда во сообраќајката. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба.
П. ПЕЧКОВ



