МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ АКЦИСКИ ПЛАН КОГА ЌЕ СЕ ДЕБЛОКИРААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЕУ, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПО СРЕДБАТА СО МИЦКОСКИ

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ АКЦИСКИ ПЛАН КОГА ЌЕ СЕ ДЕБЛОКИРААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЕУ, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПО СРЕДБАТА СО МИЦКОСКИНие ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија во Европската Унија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик, рече Фон дер Лајен. (Фото: К. Попов)

    Сега има само еден клучен чекор којшто треба да го направите за да можете да се придвижите напред и и да го отворите првиот кластер во преговорите за влез во Европската Унија, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.

    Фон дер Лајен е во официјална посета во земјава.

    „Знам колку е ова чувствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија во Европската Унија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата, затоа што нашето мото е ‘различност и обединетост’ и ние сме мошне сериозни по тоа прашање. Северна Македонија навистина постигна успех со Планот за раст, веќе добивте 140 милиони евра, а ќе следуваат и дополнителни исплати во претстојните недели, а напредокот е навистина импресивен“, рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во Владата.

    На новинарско прашање зошто Македонија не добила акциски план за пристапување во ЕУ, претседателката на Европската Комисија рече дека патокази добиле оние држави коишто веќе се длабоко навлезени во пристапниот процес и ги отвараат и затвораат поглавја.

    „Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, а моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Северна Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. И сега се фокусираме на тоа да ја деблокираме ситуацијата за да можеме потоа да дојдеме со патокази за Северна Македонија“, рече Фон дер Лајен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира