ШКОТСКИТЕ НАВИВАЧИ ДОНИРАА ВО СКОПЈЕ И ВО КОЧАНИ ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР СО МАКЕДОНИЈА

    ШКОТСКИТЕ НАВИВАЧИ ДОНИРАА ВО СКОПЈЕ И ВО КОЧАНИ ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР СО МАКЕДОНИЈАВо Кочани, шкотските навивачи предадоа донација на фудбалскиот клуб Фудбал старс. (Фото: Инстаграм)

    Шкотските хуманитарни организации „Тартан арми саншајн апил“ и „Тартан арми чилдренс черити“ обезбедија донации за локални хуманитарни организации и заедници во Скопје и во Кочани, во пресрет на натпреварот од Лигата на нации на УЕФА меѓу фудбалските репрезентации на Шкотска и Македонија.

    Шкотските навивачи, познати како „Тартан арми“, важат за публика со големо срце и пријателски однос. Преку различни активности, од музика и фудбал до директна помош за ранливите заедници, тие донесоа солидарност, пријателство и заеднички дух.

    Во рамките на овие иницијативи, шкотските навивачи го поддржаа Рома рок училиштето во Скопје и на настанот беа прославени креативноста и талентот на младите. Во Кочани, тие предадоа донација на фудбалскиот клуб Фудбал старс.

    Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шкотска се игра вечерва на арената „Тоше Проески“ во Скопје, со почеток во 20.45 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира