ЧЕТИРИ МРТВИ, ЕДЕН УАПСЕН ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД СО КАМИОН ВО СТОКХОЛМ

    ЧЕТИРИ МРТВИ, ЕДЕН УАПСЕН ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД СО КАМИОН ВО СТОКХОЛМПолиција и истражители на местото на терористичкиот напад на една од најпрометните пешачки улици во шведската престолнина. (Фото: Афтонбладет)

    Четири луѓе загинаа во терористичкиот напад во центарот на Стокхолм попладнево и најмалку 15 се повредени откако украден камион влета во група луѓе на пешачка улица пред да удри во продавница, соопшти шведската полиција.

    Полицијата кажа дека уапсила едно лице во врска со инцидентот и портпаролот Стефан Хектор изјави дека работат под претпоставка дека се работи за терористички напад. Камионот бил украден од пиварницата „Спрендрупс“ од маскиран човек, кој скокнал во кабината на возилото откако возачот излегол, изјави портпаролот на компанијата за Шведското радио.

    Весникот „Афтонбладет“ претходно јави дека човек со мали повреди бил уапсен во Марста, северно од шведската престолнина и тој ја презел одговорноста на нападот.
    „Шведска е нападната, сè укажува на терористички напад“, рече премиерот Стефан Левен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира