СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА НЕ СТАВИЛА ВЕТО ЗА БРИШЕЊЕ НА ФАКТОРОТ „НАЈНИСКА ЦЕНА“ ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, ТУКУ ЗА МАНДАТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМИСИИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ВЛАСТА НЕМА ПРЕЧКИ ПАК ДА СИ ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ

    СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА НЕ СТАВИЛА ВЕТО ЗА БРИШЕЊЕ НА ФАКТОРОТ „НАЈНИСКА ЦЕНА“ ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, ТУКУ ЗА МАНДАТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМИСИИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ВЛАСТА НЕМА ПРЕЧКИ ПАК ДА СИ ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТВо трето читање веќе се нема право на амандмани, па во стручната фела познатиот „Закон за легално крадење“, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ќе може без проблем да го изгласа. (Фото:СДК.МК)

    Законот за спорните измени на Законот за јавни набавки, каде се трга условот „најниска цена“, власта без проблем може да си го донесе на утрешната собраниска седница, зашто претседателката Гордана Силјановска-Давкова се побунила само за мандатот на членовите на комисиите за јавни набавки, а не и за бришењето на критериумот „најниска цена“, па денеска пратениците со амандман го тргнаа тој член за кој Претседателката стави вето.

    Утре овој закон ќе биде во трето читање, откако указот за донесениот закон таа не го потпиша на 26 октомври 2026 година.

    Со бришењето на условот „најниска цена“ и враќање на „квалитетот на услугата или на производот“ што се предмет на јавна набавка, се враќаат на голема врата субјективните одлуки на носителите на јавни функции кој ќе го добие тендерот, често на штета на државниот буџет и на буџетите на локалната самоуправа, поради што и беше воведен критериумот „најниска цена“ при јавните набавки.

    Со ветото, шефицата на државата Силјановска-Давкова, таа се побуни против тоа што досегашното законско решение предвидуваше петгодишен мандат со право на уште еден избор, односно најмногу десет години членство во Комисијата за јавни набавки, а новата формулација „со право на повторно именување“, според Силјановска-Давкова, остава можност за неограничен број реизбори.

    Поднесени се вкупно 2.158 амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, но владејачкото мнозинство поднело еден амандман со кој се предлага бришење на членот 13, одредбата поради која претседателката стави вето на законските измени, со што паднаа во вода сите амандмани на опозицијата.

    Во трето читање веќе се нема право на амандмани, па во стручната фела познатиот „Закон за легално крадење“, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ќе може да го изгласа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира