ИЗЛОЖБАТА НА „ПРАДА“ ВО МИЛАНО Е РАСПРОДАДЕНА ДО 2027, МЕЃУ ЕКСПОНАТИТЕ И СКАФАНДЕР ЗА МЕСЕЧИНАТА

    ИЗЛОЖБАТА НА „ПРАДА“ ВО МИЛАНО Е РАСПРОДАДЕНА ДО 2027, МЕЃУ ЕКСПОНАТИТЕ И СКАФАНДЕР ЗА МЕСЕЧИНАТАПосебно внимание привлекува прототипот на вселенски скафандер, развиен во соработка со компанијата „Аксиом спејс“ за мисијата „Артемис 4“ на НАСА, планирана за 2028 година (Фото: АП)

    Италијанската модна куќа „Прада“ отвори изложба во историската галерија „Виторио Емануеле Втори“ во Милано, на која се претставени повеќе од 113 години модна историја, од првите луксузни чанти до прототип на скафандер наменет за идните мисии на Месечината.

    Изложбата насловена „Прадасфера“ е распоредена во осум простории и опфаќа ретки архивски предмети, облека, модни додатоци и креации што го одбележале развојот на познатата модна куќа, основана во 1913 година од браќата Марио и Мартино Прада.

    Интересот за изложбата е толку голем што термините за посета се веќе пополнети до почетокот на 2027 (Фото: АП)

    Меѓу експонатите се познатите најлонски чанти на Миуча Прада, модели од нејзината прва модна колекција од 1988 година, впечатливи чевли и фустани, како и предмети што ја откриваат поврзаноста на брендот со уметноста, архитектурата, филмот и спортот.

    Посебно внимание привлекува прототипот на вселенски скафандер, развиен во соработка со компанијата „Аксиом спејс“ за мисијата „Артемис 4“ на НАСА, планирана за 2028 година. „Прада“ учествувала во развојот на материјали што треба да ги заштитат астронаутите од екстремните температури на Месечината.

    Посетителите можат да поминат и низ таен подземен премин што ги поврзува машката и женската продавница на „Прада“, каде што се изложени помалку познати предмети од историјата на брендот, меѓу кои и фустан изработен за филмот „Големиот Гетсби“ на режисерот Баз Лурман.

    Изложбата насловена „Прадасфера“ е распоредена во осум простории и опфаќа ретки архивски предмети, облека, модни додатоци и креации што го одбележале развојот на познатата модна куќа (Фото: АП)

    Интересот за изложбата е толку голем што термините за посета се веќе пополнети до почетокот на 2027 година. Влезот е со претходна резервација, а секој час се примаат само 20 посетители.

    „Прадасфера“ е дел од проширениот комплекс на модната куќа во Милано, кој се протега на осум ката и вклучува продавници, изложбени простори, слаткарница и приватни салони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира