ВО БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ИМА РАСТ НА ПЛАТИТЕ И ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СУДСТВОТО, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА

    ВО БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ИМА РАСТ НА ПЛАТИТЕ И ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СУДСТВОТО, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКАПроекциите на Министерството за финансии се дека јавниот за јавниот долг во 2027 година ќе достигне до 12,3 милијарди евра и ќе биде 59,7 проценти од бруто-домашниот производ. (Фото: СДК.МК)

    Во Буџетот за 2027 година има предвиден раст на платите, пензиите, повеќе средства во судството, како и за реализација на капитални проекти, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешниот брифинг со новинарите. Таа кажа дека приходната страна на Буџетот за наредната година е многу внимателно проектирана поради глобалната неизвесност.

    Приходната страна на Буџетот е планирана на 6,4 милијарди евра, а расходната на 7,2 милијарди. Капиталните инвестиции ќе изнесуваат околу 660 милиони евра. Растот на даночните приходи како изворни приходи е проектиран на 6,4%.

    За плати Буџетот за 2027 години 57,2 милијарди денари или околу 930 милиони евра. За пензии потребни се 158 милијарди денари, а дупката во пензискиот фонд која ќе се покрива од државниот Буџет е околу 62 милијарди денари.

    „Два милиони евра се за амбулатни возила, 1,7 милијарди денари за набавка на автобуси за јавниот градски превоз, а за поддршка на компаниите преку Министерството за економија и труд и преку оперативниот план за вработување предвидени се 5,9 милјарди денари. Повеќе средства се обезбедени за судската власт и Јавното обвинителство, со раст на средствата за судството од 19%, а за Јавното обвинителство од 9%. Зголемен е и буџетот за Одбраната каде се издвојува 2% од БДП“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

    Министерката кажа дека нема да има зголемување на даноците, како што и било ветено во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на даночната политика како што посочи министерката  во изминатиот период интензивно се работи на подобрување на законската регулатива конкретно во делот на повратот на ДДВ, преку подготовка на законски измени со кои ќе се унапреди постојниот систем и ќе се спречат можни злоупотреби. Се водат разговори со бизнис-заедницата и се анализираат искуствата од европските и соседните земји, со цел креирање на соодветно законско решение конкретно во роковите за поврат на ДДВ кон компаниите.

    Проекциите на Министерството за финансии се дека јавниот за јавниот долг во 2027 година ќе достигне до 12,3 милијарди евра и ќе биде 59,7 проценти од бруто-домашниот производ. За годинава, пак, проекциите се дека ќе биде 11,25 милијарди евра, што е 58,2 проценти од БДП.

    Министерката најави дека во теков на месецот ќе се издаде нова емисија на Граѓанска обврзница.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира