Охридското Основното јавно обвинителство (ОЈО) до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста против тепачот од Охрид кој ја претепа до бесознание и ја остави на улица девојка му.
„При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката“, соопшти Обвинителството.
- УАПСЕН Е ТЕПАЧОТ НА ДЕВОЈКАТА ВО ОХРИД, МИЦКОСКИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ БИДЕ „ИЗВЕДЕН ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА“
С. ВРЕНЦОВСКА



