Помалку од една недела откако одобри ракетен напад против Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Северна Кореја преку социјалните мрежи.
„Северна Кореја си ја бара бељата. Ако Кина реши да помогне, тоа би било одлично. Ако не, сами ќе го решиме проблемот без нив! САД!”, твитна попладнево Трамп.
Твитот, исто така, доаѓа на помалку од една недела по средбата на Трамп со кинескиот претседател Ши Џинпинг, на која американскиот претседател ја повика Кина да влијае на Северна Кореја во врска со нејзините ракетни тестови и заканите за употреба на нуклеарно оружје.
Во друг твит, Трамп кажа дека му објаснил на Ши дека „трговскиот договор со САД ќе биде далеку подобар за нив ако го решат севернокорејскиот проблем”.