ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ГИ ЧУВА ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ ОД ЛИНЧ

ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ГИ ЧУВА ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ ОД ЛИНЧЛидерот на СДСМ Зоран Заев и пратениците од мнозинството се приклештени в ќош во прес-центарот од демонстрантите на „За заедничка Македонија“. (Фото: СДК.МК)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ги штити повредените колеги од СДСМ Зоран Заев и Петре Шилегов  од линч, јавуваат новинарите кои исто како и пратениците се заробени во една канцеларија и апелираат за помош од полицијата.

„Насекаде има крв и искршени парчиња мебел“, јавуваат новинарите. На некои од нив им ги зеле мобилните телефони и им забраниле да комуницираат.

Со заробените новинари се и неколку пратенички на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да ја смират толпата. Најтешко повреден е пратеникот Зијадин Села.

 

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира