Американската амбасада вечерва најостро го осуди насилството врз пратениците на мнозинствот во Собранието, го поздрави изборот на Талат Џафери за спикер и најави дека ќе работи со него заради поддршка на демократијата.
„Најостро го осудуваме насилството во Парламентот. Тоа не е во склад со демократијата и е неприфатлив начин да се решаваат разликите. Критично е за сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законот, и да се воздржат од насилни дејства кои може да ја влошат ситуацијата.
Парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за спикер на Парламентот за време на редовна, континуирана седница на Собранието, пред очите на јавноста и на медиумите. Ќе работиме со него да ја поддржиме демократијата и за унапредување на интересите на Македонија“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Македонија.