НА ЕДЕН СТЕЧАЕЦ ИМАШЕ ПО 10 ПОЛИЦАЈЦИ, А ХУЛИГАНИТЕ ГИ ПУШТИЈА ДА ГО ДЕМОЛИРААТ СОБРАНИЕТО, ВЕЛАТ СТЕЧАЈЦИТE

    НА ЕДЕН СТЕЧАЕЦ ИМАШЕ ПО 10 ПОЛИЦАЈЦИ, А ХУЛИГАНИТЕ ГИ ПУШТИЈА ДА ГО ДЕМОЛИРААТ СОБРАНИЕТО, ВЕЛАТ СТЕЧАЈЦИТEСтечајците од Куманово денеска протестираа пред Општинскиот комитет на ВРМО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

    Стечајните работници од Куманово денеска одржаа мирен протест пред просториите на општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ во градот, за да ја потсетат актуелната власт дека сѐ уште чекаат да се реши нивното прашање. Шокирани од она што синоќа се случуваше во македонскиот Парламент, стечајците даваат подршка на парламентарното мнозинство да опстои во преземањето на власта и да го решат нивниот статус, но истовремено бараат одговорност од организаторите на синоќешното насилство.
    „Ние кога протестиравме пред собранието на еден стечаец имаше по 10 полицајци, со шлемови со панцири, вооружани до заби. Не ни дозволуваа ни до оградата да се приближиме. Бевме малтретирани, влечени, клоцани, затварани по судови. Додека синоќа, ги видовме истите тие полицајци како стојат на страна и пијат кисела вода додека народот слободно влегува во Собранието. Тоа само покажува дека тоа беше игранка на ВМРО-ДПМНЕ за да се закрви народот и тие да останат на власт. Она што синоќа се случи не личеше на протест, она беа хулигани соберени од улица за да предизвикаат крвопролевање. Се надевам дека тоа нема да им успее“, изјави претседателката на стечајните работници УНИТ Љиљана Георгиевска.
    Стечајните работници уште еднаш потсетија дека тие со години се гладни и умираат по улица затоа што немаат пари да се лекуваат, „додека актуелната власт аздисува и фрла на буниште палми од пола милион евра, гради панорамско тркало“, а не сака да ги обештети за да преживеат со семејствата.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира