ШАРАПОВА НЕ ДОБИ ВАЈЛД КАРТА ЗА РОЛАН ГАРОС ПОРАДИ СУСПЕНЗИЈАТА ЗА ДОПИНГ

    ШАРАПОВА НЕ ДОБИ ВАЈЛД КАРТА ЗА РОЛАН ГАРОС ПОРАДИ СУСПЕНЗИЈАТА ЗА ДОПИНГРуската тенисерка Марија Шарапова победи на Ролан Гарос во 2012 и во 2014 година. (Фото: АП)

    Двократната шампионка Марија Шарапова не доби вајлд карта за да учествува на Отвореното првенство на Франција поради суспензијата за допинг. Соопштувајќи ја одлуката преку обраќање во живо на Фејсбук, претседателот на Француската тениска федерација Бернар Гудичели рече дека лично ѝ кажал на руската тенисерка за одлуката да не ѝ се дозволи настап на вториот гренд слем во годината.

    „Решив да не ѝ дадам вајлд карта на Марија Шарапова. Многу ми е жал за Марија и многу ми е жал за нејзините фанови. Тие можеби ќе бидат разочарани и таа може да биде многу разочарана. Но, тоа е моја одговорност и моја мисија да го заштитам спортот и да ги заштитам високите стандарди на спортот. Вајлд карта може да има кога некој се враќа од повреда, но не и кога се враќа од допинг“, вели Гудичели.

    Марија Шарапова, која има титули од сите четири гренд слема, победи на Ролан Гарос во 2012 и во 2014. Таа првично доби двегодишна суспензија поради користење на недозволената супстанца мелдониум, но потоа нејзината казна беше намалена. Годинава настапи на два турнири со вајлд карта, но се наоѓа надвор од топ 200 на ВТА листата и не ги исполнува условите ниту да влезе во квалификациите за гренд слемот.
    Отвореното првенство на Франција почнува на 28 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира