ЧЕТИРИ АРАПСКИ ЗЕМЈИ ГИ ПРЕКИНАА ОДНОСИТЕ СО КАТАР

    ЧЕТИРИ АРАПСКИ ЗЕМЈИ ГИ ПРЕКИНАА ОДНОСИТЕ СО КАТАРСаудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин почнаа да ги повлекуваат дипломатските претставници од Катар, а регионалните авиокомпании веднаш објавија дека ќе ги суспендираат летовите за главниот град Доха; - Емирот од Катар Тамим бин Хамад Ал Тани (Фото: АП)

    Четири арапски држави денеска ги прекинаа дипломатските односи со Катар поради врските со Иран и поддршката на исламистичките групи, и ја изолираа малата земја богата со нафта така што ѝ ги прекинаа сувоземните, поморските и воздушните транспортни врски со светот.

    Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин почнаа да ги повлекуваат дипломатските претставници од Катар, а регионалните авиокомпании веднаш објавија дека ќе ги суспендираат летовите за главниот град Доха. Овие држави го обвинуваат Катар дека ги поддржува екстремистичките групи и ја шири нивната насилничка идеологија.

    Катар, кој ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 и каде се сместени 10.000 американски војници во најголемата воена база на САД, го критикуваше потегот како „напад врз суверенитетот“.

    Сепак, потегот предизвика пад на акциите на авиокомпанијата „Катар ервејз“ и прашање е како ќе биде засегната земјата која се потпира на увоз на храна.

    Катар, исто така, е исклучен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори во Јемен. Овие мерки се посериозни од тие во 2014, кога Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Американски Емирати ги повлекоа своите амбасадори од Доха.

    Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека не очекува оваа одлука сериозно да се одрази на борбата против Исламска држава. Тој ги повика земјите, кои се членки на Советот за соработка во Заливот, да ги надминат разликите.

    Катар претходно изгледаше дека не се обѕира на растечките тензии. На 27 мај, емирот од Катар Тамим бин Хамад Ал Тани му се јави на иранскиот претседател Хасан Рухани за да му честита на реизборот на функцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира