ЗАЕВ СО ШЕЌЕРИНСКА, ДИМИТРОВ И ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ СО ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ЕУ И НАТО

    ЗАЕВ СО ШЕЌЕРИНСКА, ДИМИТРОВ И ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ СО ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ЕУ И НАТОПрвото официјално излегување од земјата треба да ги потврди евроатлантските ориентации на новата Влада и затоа тоа е Брисел со седиштата на ЕУ и НАТО - двојката Заев и Шеќеринска, премиерот и вицепремиерката министерка за одбрана си честитаат веднаш по изборот на Владата на 1 јуни (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел треба да се сретне со високи претставници на ЕУ и на НАТО.

    Ова е прва официјална посета на Заев откако стана премиер.

    „Целта на посетата е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграциите во ЕУ и во НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на земјава на патот на евроатлантските интеграции“, соопшти Владата.

    Македонската делегација ќе има средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а во седиштето на Европската комисија и на Европскиот совет во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија Федерика Могерини, и со еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира