АКО ПОЧНЕТЕ СО РЕФОРМИ, ЕУ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ, МУ КАЖАА НА ЗАЕВ ВО БРИСЕЛ

    АКО ПОЧНЕТЕ СО РЕФОРМИ, ЕУ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ, МУ КАЖАА НА ЗАЕВ ВО БРИСЕЛЕврокомесарот Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев пред заедничката прес-конференција во Брисел. (Фото: Твитер)

    Премиерот Зоран Заев денеска беше на прва официјална посета во Брисел, каде што се сретна со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск. На заедничката прес-конференција со Заев, Хан кажа дека е охрабрен од позитивните планови што му биле презентирани и дека Европската Унија останува посветена да помогне во спроведувањето на реформите. Еврокомесарот го спомена и доаѓањето Рајнхард Прибе и на експертскиот тим во Македонија, кој треба да ѝ помогне на земјата во спроведување на забелешките од извештајот на Прибе и на реформите.

    „Мислам дека ЕУ ја научи лекцијата и се надевам дека ќе најдеме решение барем за да почнеме со преговори. Одговорноста лежи кај одговорните луѓе во земјата. Но, се разбира, ако политичката рамка или политичката клима не беше погодна за отворање на преговорите, ова сигурно не помогна за стабилизирање на земјата и за да ја задржиме на патот на кој беше ­12 години претходно. Ако паметите, пред 12 години, ПЈР Македонија беше најдобар ученик во класот од регионот, што не е случај денес. Фактот дека имаше недостаток на конкретна перспектива, влијаеше на ситуацијата во земјата и ова е поента што ја посочив и затоа мислам дека соседите треба да имаат интерес да придонесат, пред сè во свој интерес на стабилност и вклучување на оваа земја во ЕУ во иднина“, изјави Хан.

    Претходно, Могерини рече дека ЕУ ќе биде силен сојузник на Македонија при спроведување на реформите. Високата претставничка додаде дека ако реформите бидат спроведени, Европската Унија е подготвена да возврати, а Туск го поздрави формирањето на новата влада во Македонија и оцени дека тоа е одлична можност за придвижување на евроатлантските аспирации на земјата. Тој изрази очекување дека Република Македонија ќе го подобри својот углед преку посветена работа, меѓуетнички и меѓупартиски дијалог и добрососедски односи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира