ШТАЈНМАЕР ЗБОРУВА ЗА МИНИМАЛНИ УСЛОВИ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ ВО БЛИСКА ИДНИНА

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    ШТАЈНМАЕР ЗБОРУВА ЗА МИНИМАЛНИ УСЛОВИ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ ВО БЛИСКА ИДНИНА

    Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмајер, во својство и на актуелен Претседавач на ОБСЕ, побара засилени напори за исполнување на минимални услови за кредибилни избори во блиска иднина, без да го прецизира датумот 5 јуни.

    „Во фокусот сега мора да бидат засилени напори за успешно исполнување на минималните, заедно договорени, предуслови за спроведување на веродостојни избори во блиска иднина“, стои во изјавата на германскиот шеф на дипломатијата.

    Одлуката на македонскиот Претседател на државата за ослободување од кривично-правно гонење на политичари и носители на функции, против кои се насочени обвиненија за драстичното неправилно однесување, им штети на правно-државните стандарди и правниот мир. Оваа одлука е во спротивност со спогодбата од Пржино, која е договорена меѓу македонските партии и ја поткопува работата на Специјалното јавно обвинителство како и неговата задача да ги истражи сите обвинувања во врска со злоупотребата на власта“, се вели во изјавата на Штајнмаер дадена во улога и на германски шеф на дипломатијата и на претседавач на ОБСЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира