ИНТЕРЕС НА ГРЦИЈА Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО И ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, КАЖА ДИМИТРОВ ПО СРЕДБАТА СО КОЅИАС

    ИНТЕРЕС НА ГРЦИЈА Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО И ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, КАЖА ДИМИТРОВ ПО СРЕДБАТА СО КОЅИАСМинистрите за надворешни работи на Македонија и Грција на заедничката прес-конференција по средбата. (Фото: Твитер/Грчко МНР)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Атина ја имаше првата билатерална средба со грчкиот колега Никос Коѕиас, по која кажа дека е во интерес на Грција Македонија да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите за влез во Европската унија. Димитров рече и дека дошол во Атина да побара поддршка од грчката влада и од грчкиот народ.

    „Ќе продолжам да давам аргументи, и со зборови и со дела, дека е во интерес на нашиот поголем и повлијателен јужен сосед ние да бидеме европска демократија што ќе влезе во НАТО алијансата и ќе започне преговорите за членство во Европската унија. Отворањето на патот може да придонесе за затворање на главното прашање. Не сум наивен, свесен сум дека тоа затворање нема да биде брзо. Мојата главна порака е дека јас сум тука да барам поддршка и помалку ми е важно кој ќе биде победник. Пораката ми е: ја барам поддршката од грчката влада и од грчкиот народ.Ние немаме скриени агенди и сакаме да бидеме пријател со вашата земја“, изјави Димитров на заедничката прес-конференција по средбата со Коѕиас.

    Грчкиот министер за надворешни работи кажа дека и тие сакаат Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, но за да се случи тоа, првин мора да се најде компромис за прашањето со името.
    „Сакаме земјата да стане членка на НАТО и на ЕУ. Ова може да се оствари со изнаоѓање компромис за прашањето за името. Во ОН да се потпише нов договор и потоа да се отиде во Брисел и тој договор да се објави и да се запознаат бриселските институции со тој договор“, изјави Коѕиас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира