ИЗБРАНИ ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ

    ИЗБРАНИ ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИИзборот на замениците министри помина со 62 гласа „за“. - Замениците министри на денешната седница во Собранието (Фото: МИА)

    Со 62 гласа „за“ и петмина воздржани, Собранието ги избра замениците министри во Владата. На целодневната расправа за замениците присуствуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но за гласањето ја напушти салата.

    На денешната расправа, пратениците од опозицијата не престанаа да прашуваат и за најавениот договор за добрососедство со Бугарија. Заев цел ден одговараше на секој пратеник што праша: „Ништо не сум договорил од она што претходно го сработила минатата влада. Одиме напред, само го довршуваме тоа што претходно било постигнато. Отвораме нови перспективи. Се ослободуваме од фрустрациите и стегите, никој не побарал од нас да се откажеме од нешто, ниту сака да ни земе или присвои нешто наше. Впрочем, договорот пред да се потпише ќе дојде на разгледување и одобрување од пратениците”, одговараше Заев.

    За заменици министри во Владата на Заев се избрани:

    • Беким Максути заменик министер за одбрана
    • Агим Нухиу заменик министер на МВР
    • Оливер Ристовски заменик министер за правда
    • Арта Точи заменик министер на МНР
    • Ширете Елези заменик министер за финансии
    • Кире Наумов заменик министер за економија
    • Власте Димковиќ заменик министер за земјоделство
    • Владимир Лазовски заменик министер за култура
    • Гоце Чакаровски заменик министер за здравство
    • Јани Макрадули заменик министер за животна средина
    • Висар Гани заменик министер за образование
    • Елми Азири заменик министер за труд и социјална политика
    • Дејан Павлески заменик министер за локална самоуправа
    • Ремзи Мехмеди заменик министер за транспорт и врски
    • Александар Бајдевски заменик министер за информатичко општество и администрација

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира