УСТАВНИОТ СУД СЕ ОСМЕЛИ ДА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЕКСТЕРНОТО Е УСТАВНО, ОТКАКО ВЛАДАТА ГО УКИНА

    УСТАВНИОТ СУД СЕ ОСМЕЛИ ДА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЕКСТЕРНОТО Е УСТАВНО, ОТКАКО ВЛАДАТА ГО УКИНАИницијативата за преиспитување на шест членови од Законот за средно образование, кои го регулираат сега укинатото екстерно тестирање, четири години ја чува во фиока судијата-известител Јован Јосифовски. Сега, дваесетина дена по укинувањето на екстерното тестирање, колку и да е срамота, Уставниот суд в среда мора да ја стави оваа иницијатива на дневен ред, бидејќи според Деловникот на Уставниот суд, таа не може да се фрли во канта, појаснуваат службите од највисокиот суд (Фото: СДК.МК)

    По четири години држење во фиока, укинувањето на екстерното тестирање конечно се најде на дневен ред на седница на Уставниот суд. Екстерното тестирање во основните и во средните училишта пред дваесетина дена го укина новата влада. Постфестум уставните судии на седницата во среда како прва точка, ќе одлучуваат дали екстерното е уставно или не.

    Иницијативата за преиспитување на шест членови од Законот за средно образование, кои го регулираат сега укинатото екстерно тестирање, четири години ја чува во фиока судијата-известител Јован Јосифовски. Сега, дваесетина дена по укинувањето на екстерното тестирање, колку и да е срамота, Уставниот суд мора да ја стави оваа иницијатива на дневен ред, бидејќи според Деловникот на Уставниот суд, таа не може да се фрли во канта, појаснуваат службите од највисокиот суд.

    Долгочеканата точка за екстерното, ставена е како прва точка на сеницата на Уставниот суд за в среда. Неа уставните судии ќе ја отфрлат, бидејќи екстерното тестирање веќе не постои, па нема што да се оспорува,

    Извори во Уставниот суд за САКАМДАКАЖАМ.МК за ситуацијата што настана по одолговлекувањето на оваа иницијатива за контроверзното тестирање велат дека работата не е за смеење, туку за плачење.

    Покрај законските одредби што го регулираа екстерното тестирање во средното образование, на дневен ред е ставено и преиспитување на уставноста на правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот зе екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од страна на училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта бр.19-7906/3 донесен од Министерот за образование и наука на 22 април 2013 година.

    Случајот со долгогодишното кочење на иницијативата за екстерното, што на крајот резултираше со тоа министерката за образование Рената Десковска и владата да го претркаат Уставниот суд, па сега поради неколку судии и поранешна претседатаелка Елена Гошева да се бламира целиот Уставен суд, само ја потврди тезата дека мнозинството кое го сочинуваат пет од вкупно девет судии, било слуга и извршител на партиски наредби давани од поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    До последно, а и сега по укинувањето на екстерното поради сите недоследности што ги имаше, ВМРО-ДПМНЕ не пропушта прилика да тврди дека е укината една од најсилните реформи во образованието.

    Судијата Јован Јосифовски кој го чувал предметот за екстерното до крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран за уставен судија откако му заврши мандатот како претседател на Државната изборна комисија, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинство во Собранието, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, кон крајот на декември 2012 година го избра Јован Јосифовски за уставен судија, на предлог на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Комисијата за избори и именувања. Тој заедно со експретседателката Елена Гошева припаѓа на мнозинството судии во Уставниот суд, кое не турнало ниту еден закон предложен од поранешната влада на Никола Груевски. Татко е на Борис Јосифовски, шеф на кабинетот на Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира