Суперѕвездата на „Барселона“ и Аргентина Лионел Меси синоќа се ожени со неговата љубов од детството Антонела Рокуцо, во неговиот роден град Росарио. Невестата носеше бела венчаница од каталонската дизајнерка Роза Клара.
Вкупно 260 луѓе беа поканети на настанот полн со ѕвезди во хотелскиот казино комплекс, меѓу кои и бразилските соиграчи како бразилската ѕвезда Нејмар и напаѓачот на Уругвај Луис Суарез, како и персонал од тимот, колумбиската поп-ѕвезда Шакира и нејзиното момче, фудбалерот Херард Пике.
Комплексот беше под силно обезбедување од околу 400 полицајци, а присутни беа и околу 150 новинари.
Меси и неговата невеста ги резервираа сите соби за своите гости на свадбата, а исто така ангажираа фризерки и негувателки за деца.
Имаше само граѓанска церемонија, без црковна венчавка.
Неколку клучни имиња, како што се фудбалската легенда Диего Марадона, не беа на листата на гости.
Поранешниот тренер Луис Енрике, кој ја напушти Барселона на крајот од сезоната, наводно, не бил поканет.
Од соиграчите на Меси од Барселона, само Андрес Иниеста не можеше да дојде, бидејќи сакал да остане дома со новородената ќерка.
Двојката Меси и Ракуцо, која има две деца, одбила свадбени подароци и наместо тоа побара донации за локална добротворна организација.
Менито имаше типични аргентински елементи, со филе говедско месо и бомбом колбаси, со шампањ и вина.