ПАК ЗАПАЛЕНА СТРУШКАТА ДЕПОНИЈА, ПРЕД ЗАКАЖАНАТА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТО

    ПАК ЗАПАЛЕНА СТРУШКАТА ДЕПОНИЈА, ПРЕД ЗАКАЖАНАТА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТОЦрн Дрим е црвен и испразнет, Струга обвиткана во чад и смрдеа. (Фото: СДК.МК)

    Струшката депонија пак е запалена од непознат сторител пред закажаната посебна точка на дневен ред на собраниската седница што е во тек и на која што треба да се расправа за проблемот со депонијата. Кога ќе се расправа точно за депонијата, од Собранието велат дека не се знае кога ќе дојде на ред точката од дневниот ред. На денешната собраниска седница, сите 104 присутни пратеници го поддржаа предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се дополни дневниот ред со расправа за депонијата во Струга.

    „Страшно е. Цела Струга пак смрди и е обвиткана во чад. Децата играат, туристи шетаат. Црн Дрим поради реконструкцијата е испразнет и цел црвен. Ова не е нашата Струга која ја сакаме. Изгледа за реакција на државните и општинските органи треба да се користи само закани за да се преземе нешто конкретно. Иако пожарникарите нон стоп се кај депонијата и гаснат и тие се немоќни пред некоја будала што намерно ја пали депонијата поради политика. Да го ризикуваш здравјето на своите деца име на политиката,  не е нормално“, изјавија револтирани стружани за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    За предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ депонијата во Струга да бид е ставена како точка од дневниот ред, денеска во Собранието гласаа сите 104 присутни пратеници. (Фото: СДК.МК)

    Државата минатиот месец со булдожери, камиони и друга механизација започна санацијата на дивата депонија во Струга. За еден ден депонијата беше згасната и покриена со земја.

    Стружани  протестираа против дивата депонија.  Тие  побараа од локалната и централната власт веднаш да преземат мерки за да се спречи натамошно опожарување на депонијата, бидејќи се наоѓа на само 500 метри од првите населби во Струга. Со години оваа депонија секое лето гори и ја труе Струга, и покрај ветувањата и од локалната и од централната власт дека ќе се најде решение, досега решение нема.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира