ЗА СЕКОЈ ЧАС ПАУЗА ШТО ЌЕ ГО ПОБАРА ВМРО-ДПМНЕ, ЏАФЕРИ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ПО 18 ЧАСОТ

    ЗА СЕКОЈ ЧАС ПАУЗА ШТО ЌЕ ГО ПОБАРА ВМРО-ДПМНЕ, ЏАФЕРИ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ПО 18 ЧАСОТПретседателот на Собранието Талат Џафери најави дека може и да премине на наредната точка од дневниот ред за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Само што почна седницата по паузата за ручек, координаторот на третата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски побара пауза од еден час, поради тоа што во исто време се одржува седница на комисија за финансирање у буџет.

    „За секој час пауза што се бара, се продолжува работата на Собранието за плус еден час по 18 часот. Не сакам да прејудицирам за намерата со ова што го правите со барањето паузи, за тоа нека судат тие што не гледаат, јавноста. Јас ќе ви дадам сега нов еден час пауза, ама ставете ја на сметка на работата после 18 часот”, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, по што ја даде новата едночасовна пауза што ја побара Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.

    „А можам и вака да направам, ако продолжите со прекинувањето на седницата“, додаде Џафери.
    „Да ја прекинам расправата по оваа точка, да ги довршите комисиските расправи и да преминам на наредната точка за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски“, најави собранискиот спикер.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира