Координаторот на осмата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев само што почна денешната седница ги побара стенограмите од излагањето на замeникот министер за правда Оливер Ристовски за предлогот за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Тој побара пауза за, како што кажа, да можат да го разгледаат и добро да се запознаат со предлогот за разрешување на Зврлевски.
„Јавниот обвинител од јануари 2013 година досега непрофесионално и несовесно ја вршел фунцијата и не го почитува законот. Јавното обвинителство се претвори во инструмент на власта, што е констатирано од ОБСЕ и од сите релевантни меѓународни институции. Марко Зврлевски потфрли во својата улога во името на Никола Груевски и наместо да се грижи за човековите права, преземаше дејства со молчење, односно непреземање дејства“, кажа Ристовски иги наведе случаите: 27 април, Диво Насеље, незаконското прислушување и Сеад Кочан.
Седницата ќе продолжи по паузата, а за збор се пријавени околу 90 пратеници.