МЕ РАЗРЕШУВААТ ИАКО БЕВ ДОБАР МЕНАЏЕР НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, РЕЧЕ ЗВРЛЕВСКИ

    МЕ РАЗРЕШУВААТ ИАКО БЕВ ДОБАР МЕНАЏЕР НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, РЕЧЕ ЗВРЛЕВСКИЗа случајот со „Македонска банка“, се беше преземено и не се поведе постапка оти немаше докази - Марко Зврлевски во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител Марко Зврлевски во Собранието рече дека барањето за негово разрешување е неосновано и дека опозицијата не ја познава работата на Обвинителството. Иако знаел дека ќе го разрешат, тој тврди дека бил добар менаџер на Обвинителството.

    „Републичкиот јавен обвинител менаџира со работата на Oбвинителството. Ниту избира, ниту разешува, ниту поведува постапка. Не се меша во работата на обвинителите. Тие самостојно одлучуваат кога ќе поведат постапка, кога ќе ја запрат. Не може да се меша во одлуките на обвинителите. Ако Јавниот обвинител се меша во работата на другите обвинители тоа е злоупотреба на службената положба за која се одговара кривично“, рече Зврлевски на денешната седница на Собранието на која се расправа за предлогот за негово разрешување.

    Зврлевски рече дека предлогот за негово разрешување не го погодува, бидејќи и другите негови предходници кои биле добри менаџери на Обвинителството биле разрешен како нестручни.

    “ Не дадов оставка бидејќи сметав дека нема основ. Но, кога видов во дел од медиумите како пратениците на мнозинството водат црна кампања против мене, ми стана јасно дека ќе бидам разрешен. За случајот со „Македонска банка“, се беше преземено и не се поведе постапка оти немаше докази. За снимките што протекоа во јавноста, се утврди дека не потекнуваат од обвинителството, истрагата е кај МВР. Како Советот на обвинители одлучи да ме разреши кога досега за мене нема ниту една преставка за мојата работа? Набавив мобилни телефони и лаптопи за обвинителите, се трудев да ја унапредам работата и статусот на обвинителството“, рече Зврлевски.

    После говорот на Зврлевски, кординаторот на една од пратеничите групи Антонијо Милошоски побара пауза за да го добијат стенограмот од говорот на Зврлевски. Седницата продолжува во 18 часот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира