Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Вимблдон откако се предаде во четврт-финалето против Томас Бердих поради повреда.
Поранешниот светски рекет број еден го загуби првиот сет од 7:6 (7:2) од чешкиот тенисер и губеше со 2:0 во вториот сет кога донесе одлука да го предаде мечот.
30-годишниот Ѓоковиќ имаше неколку третмани на десното раме за време осминафиналето против Адријан Манарино и повторно му требаше нега за време на дуелот со Бердих.
Српскиот тенисер ќе се вратеше на првото место на АТП-листата ако победеше на Вимблдон.