„ТИШИНА МОЛАМ!“ ИМ НАЦРТА ЏАФЕРИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ДОВИКУВААТ ОД МЕСТО

    „ТИШИНА МОЛАМ!“ ИМ НАЦРТА ЏАФЕРИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ДОВИКУВААТ ОД МЕСТОСо цртеж на кој на англиски пишува „Тишина молам!“ спикерот Џафери се обиде да ги замолчи пратениците кои вреват и дофрлуваат од место буквално за сè и сешто (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери се обиде на денешната седница со цртеж на кој на англиски пишува „Тишина молам!“ да ги замолчи пратениците кои вреват и дофрлуваат од место буквално за сè и сешто. Собранието и денеска личеше на пазарен ден, кога на почетокот на осмата седница Џафери рече да се извади од дневен ред точката за извршување на Буџетот од 2016.

    „Претставникот од Владата, министерот за финансии Драган Тевдовски не е тука, не можам да го чекам цел ден јас него. Он треба мене да ме чека, а не јас него”, рече Џафери и ја премести оваа точка.

    Тогаш се развревија пратениците и Џафери извади цртеж со силуета на човек со прст на устата, барајќи тишина.

    По ова дојде Тевдовски, а на барањата на координаторот на пратеничката група на СДСМ да се врати точката на дневен ред, спикерот му рече „соберете си сега 20 потписи и барајте си итна седница”.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира