ПОПЛАВИ НА ВТОРИОТ КРАК НА ХАЛКИДИКИ, ЕВАКУИРАНИ И МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ, ДЕЖУРЕН КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН

    ПОПЛАВИ НА ВТОРИОТ КРАК НА ХАЛКИДИКИ, ЕВАКУИРАНИ И МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ, ДЕЖУРЕН КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУНОд невремето поплавен е патот Лариса – Козани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, односно местата Торони, Порто Куфо и Тристиники и Каламици (Фото: АНА-МПА)

    Поројните дождови што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави по патиштата. Од невремето поплавен е патот Лариса – Козани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, односно местата Торони, Порто Куфо и Тристиника.

    Од МНР велат дека во македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон, +306987200410, на кој македонските граѓани во Грција можат да се обратат за помош. Дежурен мобилен телефон во МНР е  072239052, а лице за контакт е Силвана Ивановска.

    Надојдената вода ги поплави паркираните возила, а десетина туристи беа заглавени. Грчките власти денеска ги евакуираа туристите, а според податоците на македонското МНР, меѓу нив нема македонски државјани. Според постови на социјалните мрежи на македонски туристи на вториот крак, евакуирани се летувалци во кампот Талата близу Каламици. Од МНР соопштија дека македонско семејство кое е на летување во Торони се јавило во конзулатот во Солун, но дека неговите членови не се во опасност.

    Врнежите и силниот ветер во Ситонија би требало да престанат утре напладне.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира