И ЕДМОНД ТЕМЕЛКО, ЗА КОГО СЕ БАРАШЕ ПРИТВОР ЗА ИСТРАГАТА ВО „ТИТАНИК“, ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШ

    И ЕДМОНД ТЕМЕЛКО, ЗА КОГО СЕ БАРАШЕ ПРИТВОР ЗА ИСТРАГАТА ВО „ТИТАНИК“, ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШПатната исправа на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко останува во Основниот суд Скопје 1 додека трае постапката за „Титаник“, каде тој е обвинет за изборни нерегуларности

    Тричлениот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Апелациониот суд Скопје на нејавна седница вчера одлучил на обвинетиот Едмонд Темелко да му ја одбие жалбата со која си го барал пасошот назад. Неговата патна исправа останува во Основниот суд Скопје 1 додека трае постапката за „Титаник“, каде за изборни нерегуларности е обвинет градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

    Специјалното јавно обвинителство на почетокот на истрагата бараше притвор за Темелко, но кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето. Сега, со поднесувањето на обвиненијата за Титаник СЈО побара мерка за претпазливост, а советот оваа мерка ја прифати.

    Вчера истиот совет одлучувал и по жалбата на Билјана Бришковска, поранешната заменик-министерка за правда од ВМРО-ДПМНЕ, обвинета за изборни нерегуларности во најобемниот предмет на СЈО „Титаник“. И неа македонскиот и дипломатскиот пасош ѝостануваат во основниот суд Скопје 1.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира