ЏАФЕРИ ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА, ГО ПРИБЛИЖИ РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ

    ЏАФЕРИ ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА, ГО ПРИБЛИЖИ РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИСобранискиот спикер Талат Џафери ја приближи шестата седница, на која што на дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина петтата седница на Собранието за извештајот на Агенцијата за администрација, на која што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ успејаа да добијат две паузи и таа воопшто не ни почна.

    „Ја прекинувам петтата седница и ја закажувам наредната, осмата седница“, рече Џафери, со што ја приближи шестата седница, на која што на дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски.
    Во 15  часот треба да продолжи осмата седница и во зависност од однесувањето на пратениците и обидите за блокада на Собранието, ќе зависи дали Џафери повторно ќе направи скок и конечно ќе го стави на дневен ред Зврлевски, се очекувањата на пратениците и на стручните служби овде во Собранието.

    Во меѓувреме Џафери уфрли во 15 часот и седница за измени на Кривичниот законик за неможност да се препродаваат карти за Суперкупот, по скратена постапка, на барање на УЕФА.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира