КАКО МОЖЕШЕ ДА СЕ СЛУЧИ ХИТЛЕР? – ИЗЛОЖБА ВО БЕРЛИН

    КАКО МОЖЕШЕ ДА СЕ СЛУЧИ ХИТЛЕР? – ИЗЛОЖБА ВО БЕРЛИНИзложбата „Хитлер - како можеше да се случи“ е поставена во еден од бункерите во Берлин, кој се користел од граѓаните за време на бомбардирањата на Втората светска војна – блиску до бункерот каде што живеел Хитлер кога се бомбардирал Берлин, кој што не е достапен за јавноста (Фото: Ројтерс)

    По повеќе од 70 години откако Адолф Хитлер се самоуби во својот бункер во Берлин на последните денови од Втората Светска Војна, една изложба во главниот град испитува како тој станал нацист и што е тоа што го претвори обичниот Германец во убиец за време на Третиот Рајх. Неколку децении во Германија беше табу да се зборува за Хитлер, иако тоа почна да се менува со филмовите како „Пад“, хроника на последните денови на диктаторот, и со изложбата за неговиот живот во 2010.

    Изложбата завршува со контроверзна реконструкција на бункерската соба каде Хитлер се самоубил на 30 април, 1945 (Фото: Ројтерс)

    Изложбата „Хитлер – како можеше да се случи“ е поставена во еден од бункерите во Берлин, кој се користел од граѓаните за време на бомбардирањата на  Втората светска војна – блиску до бункерот каде што живеел Хитлер кога се бомбардирал Берлин, кој што не е достапен за јавноста.

    Изложбата која се состои од слики, цртежи на Хитлер, филмови за неговиот долгогодишен брак со Ева Браун (Фото: Ројтерс)

    Изложбата ја прикажува историјата на Хитлер од неговото детство во Австрија и времето како сликар, па сé до кога станал војник во Првата светска војна и неговиот успон на власт. Други дела од изложбите се фокусираат на концентрационите логори и холокаустот кој уби 6 милиони Евреи. Изложбата завршува со контроверзна реконструкција на бункерската соба каде Хитлер се самоубил на 30 април, 1945 – полна со ѕидни часовници, мебел со цвеќиња и боци со кислород.

    „Оваа просторија е местото каде сé заврши, каде криминалот заврши. Затоа ја покажуваме“, вели кустосот на изложбата (Фото: Ројтерс)

    Kустосот на изложбата Виланд Гибел вели дека бил обвинуван оти создал „ Хитлеров Дизни“, но тој стои зад својата одлука, и вели: „Оваа просторија е местото каде сé заврши, каде криминалот заврши. Затоа ја покажуваме.“

    Макета на бункерот на Хитлер (Фото: Ројтерс)

    „По Втората Светска Војна многу Германци се чувствуваа засрамени од Версајскиот договор“, вели Гибел, повикувајќи се на договорот потпишан во 1919, кој ја принуди поразената Германија да наплати масивни суми на оштета.

    Тој додаде дека изложбата покажува како некои Германци станаа нацисти заради лична корист од експропријацијата на имотот на Евереите, додека други ги привлекувала партијата, затоа што не биле среќни со Версајскиот договор и станаа следбеници на Хитлер верувајќи дека како што велел тој,  „ќе ја направи Германија повторно велика“.

    Изложбата која се состои од слики, цртежи на Хитлер, филмови за неговиот долгогодишен брак со Ева Браун и еден модел на бункерот на Хитлер, успеа да привлече 20.000 посетители од отварањето пред две месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира