Демонстраните во Битола што бараат оставка на градоначалникот Владимир Талевски ја прекинаа блокадата на зградата каде што живее градоначалникот Владимир Талевски, јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие две вечери протестираат во населбата Нова Битола. Најавија дека во среда повторно ќе протестираат пред неговата зграда во 19 часот.
Друга група вечерва блокираше две крстосници на влезовите во градот од правецот на Грција во близина на Градскиот парк.
Во исто време во центарот на градот протестираа граѓаните предводени од здружението ГДОМ кои го бранат градоначалникот и бараат избори на 5 јуни.