ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА ДЕБАТАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ ДА ПРОДОЛЖИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА ДЕБАТАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ ДА ПРОДОЛЖИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИДвајца од координаторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и Илија Димовски. (Фото: СДК.МК)

    Само што почна седницата, ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да ја прекине седницата на чиј што дневен ред е разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски и да го закаже продолжувањето на 16 октомври, по завршување на локалните избори.

    Илија Димовски, еден од координаторите на 10-те пратенички групи, кажа дека по распишување на изборите, не може да има избори, именувања и разрешувања. Џафери вчера ги распиша локалните избори, кои се закажани за 15 октомври.

    „Не само гласањето, туку и дебатата треба да се стави во мирување во овој момент и оваа седница да продолжи на 16 октомври“, изјави Димовски.

    Спикерот Талат Џафери им одговори дека тоа се однесува на функционери во надлежност на Владата, а не на Собранието и даде пауза на барање на Антонијо Милошоски, друг координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира