И ПЛАСИДО ДОМИНГО ДОАЃА НА ФУДБАЛ ВО СКОПЈЕ

И ПЛАСИДО ДОМИНГО ДОАЃА НА ФУДБАЛ ВО СКОПЈЕШпанската оперска легенда Пласидо Доминго со македонскиот бизнисмен Аки Нуредини сликани во неговиот ресторан „Соле“ во Виена, познат како неформално сврталиште на оперските уметници (Фото: од архивата на Аки Нуредини)

Прочуениот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго доаѓа вечерва во Скопје на финалето на УЕФА Супер купот на мечот Реал Мадрид – Манчестер јунајтед. Легендарниот Доминго доаѓа вечерва со приватен авион, директно од Салцбург, по генерална проба на операта „Двајцата Фоскариеви“ од Верди, потврдија од неговиот менаџерски тим за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Доминго ќе биде гостин на македонскиот бизнисмен Аки Нуредини кој живее во Виена, а со оперската ѕвезда ќе престојуваат во неговата куќа во селото Камењане, тетовско. Нуредини, чиј прочуен ресторан во Виена е неформално сврталиште на сите оперски ѕвезди, а самиот е оперски импресарио, со Доминго го врзува повеќегодишно пријателство.

Пласидо Доминго е почесен член на Реал Мадрид и ја пее химната на клубот „Хала Мадрид“. Фондацијата Реал Мадрид лани му приреди почесен концерт на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ на кој настапија над 30 музичари, опрерски ѕвезди и групи.

Познат по разноврсниот репертоар и настапите во сите најголеми оперски куќи во светот, Доминго има снимено над 100 цели опери, одиграл над 140 оперски улоги. Во 1990 заедно со Лучано Павароти и Хосе Карерас почнаа да настапуваат како Трите тенори, а нивната прва плоча стана најпродаваниот албум на класична музика на сите времиња.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира