Мира Костиќ, долгогодишна новинарка на Радио Скопје, реагираше за квалификациите и етикетирањето што ВМРО-ДПМНЕ на неколку последователни прес-конференциии ги кажува за дел од новинарите и медиумите и повика да се престане со таква пракса.
Пратеникот Илија Димовски на забелешката на Костиќ, се извини и рече дека нема да се повтори.
На денешната прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе интерпелација за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поради штетниот договор со Бугарија, за стратегијата за мигранти и бегалци и за блокирањето на Александар Николоски за амбасадор во Брисел.