РОНАЛДО ОДИГРА САМО ДЕСЕТИНА МИНУТИ, ПА ОСТАНА ДА ТРЕНИРА САМ ПО СУПЕР КУПОТ

    РОНАЛДО ОДИГРА САМО ДЕСЕТИНА МИНУТИ, ПА ОСТАНА ДА ТРЕНИРА САМ ПО СУПЕР КУПОТКристијано Роналдо влезе во игра во 83. минута на местото на Карим Бензема, кога резултатот веќе беше 2:1, колку што и заврши натпреварот од Супер купот против Манчестер Јунајтед. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид Кристијано Роналдо ги одигра само последните десетина минути од победата од 2:1 против Манчестер Јунајтед на синоќешниот Супер куп во Скопје, бидејќи се уште не е целосно подготвен поради продолжениот одмор што го доби од тренерот Зинедин Зидан.

    По завршување на мечот, Роналдо со уште неколкумина соиграчи, остана на теренот на „Филип Втори“ да дадат изјави за медиумите и потоа си одржа мини тренинг од дваесетина минути, трчајќи од едниот до другиот крај на игралиштето. Пред да си замине, отиде кај публиката што остана да го гледа и го подари дресот на едно девојче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира